Расте бројот на млади зависници од дрога
Се подостапна дрогата во училишните дворови. Од чиста љубопитност, да се стекне припадност во друштвото, разни психолошки проблеми, се најчестите причини поради кои децата стануваат дел од зависниците, а некои од нив и меѓу дилерите на психотропни супстанци. Психолозите апелираат на поголем мониторинг од страна на родителите...

Во Битола расте бројот на млади зависници од дроги. Разни психоактивни супстанци се подостапни во училишните дворови. Желбата да се биде прифатен од друштвото, идентификација со омилен лик или пак психолошки проблеми се најчестите причини кои ги наведуваат на ова зло. Очевидци посочуваат и на невнимание од родителите.
Загрижува фактот што 13-годишници за да бидат прифатени од друштвото, подаваат рака на ова зло.
Едни родители ја прифаќаат вистината и соработуваат, други негираат. Стручните служби во училиштата со континуирани мерки за превенција од дроги во заштита на учениците.
-Во основен суд Битола во последните 6 – шест месеци пред Основен суд Битола се водела само една постапка против дете за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци прекурсори“ од чл. 215 од Кривичниот законик. Детето неовластено држело наркотична дрога за продажба – марихуана во вкупна нето маса од 15,84 грама. Постапката е водена по Закон за правда на деца. Сторителот во моментот на сторувањето на кривичното дело бил на возраст од 17 години. Постапката по предметот е во тек. Центарот за социјална работа-Битола предлага санкција-воспитна мерка од страна на родителите, а ОЈО Битола се сложува со истата согласно чл. 36 од Законот за правда за деца, велат од Основен суд Битола.
Полициски службеници од СВР Битола за период од јули 2024-та до јануари 2025-та лишиле од слобода 134 дилери на дрога. Училишните психолози упатуваат на поголем родителски мониторинг и на соработка со своите деца.
Ружица Ѓоршевска
