Инспекторите во контрола на маркетите, има неправилности
Пазарниот инспекторат со 50 тимови е на терен за контрола на трговците. Првичните сознанија укажуваат на повеќе неправилности. Ќе има казни, одредени маркети ќе завршат под клуч...

Педесет тимови на инспекторатот цела недела се на терен. Од Министерството за економија и труд не ја исклучуваат примената на драконската казна според Законот за трговија, затворање на маркети и до 15 дена.
Граѓаните ги поддржуваат мерките, но не им веруваат на трговците и дека сето може да биде привремено.
Комисијата за заштита на конкуренцијата работи на прибирање докази за најавата на таканаречено „картелско здружување“.
Со владините мерки се опфатени преку 102 групи или над 1.200 производи, а со контролата на инспекторатот околу 1.000 маркети, бензински пумпи, аптеки.
Елизабета Митреска
