„Анора“ триумфираше на Оскарите
Романтичната драма „Анора“ триумфираше во категоријата најдобар филм што е апсолутен победник со освоени пет златни статуетки од кои за најдобра актерка, најдобар режисер, најдобро оригинално сценарио и најдобра монтажа.

Во театарот „Долби“ во Лос Анџелес се одржа 97-то издание на доделувањето на филмските награди оскар. Романтичната драма „Анора“ триумфираше во категоријата најдобар филм што е апсолутен победник со освоени пет златни статуетки од кои за најдобра актерка, најдобар режисер, најдобро оригинално сценарио и најдобра монтажа.
Оскарот за главна машка улога го доби Адријан Броди за филмот „Бруталист“, а во категоријата најдобра женска главна улога Оскарот го доби Мајки Медисон за „Анора“.
За споредна машка улога беше награден Киран Калкин за улогата во „Вистинска болка“, кај жените триумфираше Зое Салдана која го доби Оскарот за најдобра женска споредна улога за мјузиклот „Емилија Перез“.
За најдобар странски филм, Оскарот го доби бразилскиот филм „Сè уште сум тука“.
Церемонијата почна со традиционалното дефиле на црвениот тепих, а им беше оддадена почит на пожарникарите кои се бореа со пожарите што го зафатија Лос Анџелес во јануари и поради тоа номинациите за Оскар два пати беа одложувани.