србија
Исчезна двегодишно девојче во Уб, активиран е системот „Најди ме“
03.03.2025 22:13
Девојчето исчезнало во 14 часот, а последен пат е видена пред зградата во која живее во градот Уб...

Вечерва преку системот „Најди ме“ граѓаните со смс порака и преку медиумите се информирани дека во Уб исчезнало двегодишното девојче Дуња Марковиќ.
Девојчето исчезнало во 14 часот, а последен пат е видена пред зградата во која живее во градот Уб. Таа има кафена коса, кафени очи и е висока околу 1 метар. Во моментот на исчезнувањето носела сива тренерка и сив дуксер.
МВР преку системот „Најди ме“ ги информираше граѓаните за исчезнувањето на девојчето и ги повика сите што имаат информации што можат да помогнат во пронаоѓањето на двегодишното дете да се јават на бројот 192.
