Сашо Дранго разрешен од функцијата заменик-директор на „Македонија пат“
На 2-ри јануари, невладината организација за заштита на животните „Анима мунди“ објави фотографија на која Дранго позира со убиена мечка. На фотографијата, за која се смета дека е од декември 2024-та година, Дранго носи пушка со снајперски нишан, поради што од здружението обвинија дека тој ја застрелал...

Два месеца откако во јавноста излезе фотографијата на која позира со убиена мечка, Сашо Дранго е разрешен од функцијата заменик-директор на „Македонија пат“. На негово место е назначен Александар Шуковски, економист од Ресен.
На 2-ри јануари, невладината организација за заштита на животните „Анима мунди“ објави фотографија на која Дранго позира со убиена мечка. На фотографијата, за која се смета дека е од декември 2024-та година, Дранго носи пушка со снајперски нишан, поради што од здружението обвинија дека тој ја застрелал мечката, класифицирана како дивеч под заштита.
Дранго за медиумите тврдеше дека мечката со која позира на фотографијата била усмртена во сообраќајна несреќа на патот Битола-Ресен, по што со вработените од „Македонија пат“ ја тргнале од патот, а тој притоа се фотографирал со неа.
Основното јавно обвинителство во Битола, по допрен глас против Дранго оформи предмет на кој уште работи. Во рамки на предистрагата деновиве требаше да биде сослушан и тој.
