Во Кривичниот суд денеска ново рочиште за двојното убиство
Ново рочиште за убиството на младата Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Се очекува да се сослушаат сведоци на одбраната на првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо

Во Кривичниот суд денеска ново рочиште за убиството на младата Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Се очекува да се сослушаат сведоци на одбраната на првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо.
За тешките злосторства извршени на 22-ри и на 27-ми ноември 2023-та година, покрај Палевски се обвинети и Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, а Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања е обвинет за помагање во извршувањето на грабнувањето на неговата ќерка.
Судијата Стефановски најави можност доколку не дојдат сведоците, одбраната на Манев да биде подготвена за испитување на второобвинетиот Велибор Манев.
