Здравство

Позитивната листа на лекови затаи

08.03.2025 16:21

Иако беше најавено дека позитивната листа на лекови ќе се обновува на секои четири месеци, од надлежните нема најава кога ќе стигнат лековите кои треба да бидат на сметка на државата …

Дел од платата на Зорица Бојаџиева со години се влевал во здравствениот фонд, сега кога е пензионерка пак мора да дава дел од буџетот за терапија. Мирјана, пак, скапо ја чини терапијата што лекарот и ја дава за да го одржува здравјето, па многупати и не може да си ја дозволи.

Од Министерство за здравство не одговараат до каде е постапката за ставање нови лекови на позитивната листа. Фармацевтите велат, комбинираните лекови час поскоро мора да се внесат на сметка на државата, ќе се намали трошокот на граѓаните.

По повеќе од една деценија пауза, интервенција на позитивната листа со нови лекови беше направена во септември минатата година. Девет генерики, односно 87 лека станаа достапни на граѓаните на сметка на Фондот за здравство.

Наташа Јанчиќ Менковски