СДСМ со осмомартовски марш во Струмица
Исправени заедно за еднаквост, правда и мир. Под овој слоган жените на СДСМ маршираа во Струмица од каде упатија порака дека и понатаму ќе се борат за еднакви права, правда и мир, но и јакнење на жените на сите позиции во општеството…

Маршираме рамноправни, исправени пред сите предизвици, затоа што само ние умееме достоинствено да станеме и заедно да дадеме чекор напред. Вака кажа на осмомартовскиот марш во Струмица, претседателката на Форумот на жени на СДСМ Даниела Колева, која подвлече дека жената е столб во општеството.
Без силни жени немаме силна иднина, тие се движечката сила на нашето општество. Ваква порака упати првиот човек на СДСМ, Венко Филипче, на марш во Струмица под слоганот „Исправени заедно за еднаквост, правда и мир“. СДСМ останува посветен на борбата за еднакви права, правда и мир, за јакнење на жените сите позиции во општеството.
На маршот во Струмица се обрати и заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска, која подвлече дека нема да дозволат да се понижува жената од функционерки на власта, како што е министерката за финансии.
Ване Трајков
