Македонија
Симулациска вежба за вонредни состојби на Меѓународниот аеродром Скопје
09.03.2025 08:50
Од МВР апелираат до граѓаните кои ќе се најдат во близина на одвивањето на вежбата да ги почитуваат наредбите од полициските службеници...

На Меѓународниот аеродром Скопје од 11 часот продолжува симулациската вежба за вонредни состојби, што се одржува од вчера во организација на Министерството за внатрешни работи и ТАВ Македонија.
Од МВР апелираат до граѓаните кои ќе се најдат во близина на одвивањето на вежбата да ги почитуваат наредбите од полициските службеници со цел безбедно одвивање на сообраќајот или јавниот ред и мир.
