Кампања за спречување трудова експлоатација
И кај македонски и кај странски работници во земјава има индикации за трудова експлоатација врз база на трговија со луѓе – анализа на Конфедерацијата на работодавачи...

Македонскиот работник мора да биде ценет и дома и во странство. Секоја злоупотреба веднаш да се пријави, алармираат надлежните. Студентите пак, кои сакаат да работат чесно, велат дека ќе пријават секаква манипулација, оти не сакаат принудни услуги или практики, слични на слугувањето.
Бизнис конфедерацијата на Македонија со поддршка на ЕУ покренаа кампања за подигање на јавната свест поврзана со трговија на работници и трудова експлоатација.
Најновите извештаи покажуваат дека македонски државјани се жртви на трудова експлоатација во странски земји. Граѓаните се охрабруваат да пријават сомнителни активности и да побараат помош ако се соочат со тоа.
Во Македонија, ова е растечки проблем, на кој мора да се посвети поголемо внимание.
Најподложни на трудова експлоатација се земјоделството, градежништвото, туризмот и угостителството.
Денес, над 40 милиони поединци се жртви на модерно ропство, со 24,9 милиони заробени на принудна работа во речиси сите сектори, велат од Меѓународна организација на трудот.
Борис Грујоски
