Советот на јавни обвинители чека Коцевски да се произнесе
Откако ќе се произнесе Коцевски ние имаме законски рок да доставиме мислење за предлогот на Владата за негово разрешување, вели Душица Димитриеска, претседателка на Советот на јавни обвинители.

Сѐ уште го немаме добиено мислењето на јавниот обвинител Љупчо Коцевски за предлогот на Владата за негово разрешување. Откако ќе се произнесе Коцевски ние имаме законски рок да доставиме мислење за предлогот на Владата за негово разрешување, вели Душица Димитриеска, претседателка на Советот на јавни обвинители.
„До Советот на јавни обвинители сѐ уште не е пристигнато произнесувањето на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски во однос на предлогот на Владата за негово разрешување што е препратен до него. Советот има рок од 15 дена да се произнесе по предлогот на Владата за разрешување на Републичкиот јавен обвинител“, изјави претседателката на Советот, Димитриеска.
Веднаш, штом ќе го добиеме одговорот од јавниот обвинител, неговото произнесување, ќе постапиме кон одлучување, рече Димитриеска.
