Светски ден на бубрегот
160 пациенти чекаат трансплантација на бубрег
12.03.2025 13:40
1.600 пациенти одат на дијализа, а од нив над 160 чекаат трансплантација на бубрег од починат донор...

Повеќе од 1.600 пациенти одат на дијализа, а од нив над 160 чекаат трансплантација на бубрег од починат донор. Од Здружението на бубрежно болни „Нефрон“ велат дека годинава одобрени се само 5 трансплантации , бараат да бидат направени колку што има донори. Велат на тој начин ќе се подобри животот на пациентите, а ќе се заштедат и пари во здравствениот буџет.
Андријана Ѓурческа известува
