Новиот iPhone во продажба од октомври?!
Според најавите, најновото паметно чудо на Apple ќе биде пуштено во продажба на 14-ти октомври...

Aмериканскиот технолошки гигант Apple најверојатно ќе го претстави новиот модел на водечкиот паметен телефон iPhone 6 на 9-ти септември, пишува сајтот „Re/code“. Според најавите, најновото паметно чудо на Apple ќе биде пуштено во продажба на 14-ти октомври.
Изворитена сајтот не располагаат со информации дали во септември водечкиот производител на паметни телефони и преносни уреди ќе ги претстави двете верзии на апаратот – со екран со димензии од 12 сантиметри, како и онаа со 13 сантиметри во дијагонала, а втората се очекува да се продава под брендот iPhone Air.
Според сознанијата, новиот iPhone ќе добие 13-мегапискелна камера, двојадрен процесор А8 со минимална брзина од 2 GHz. Капацитетот на батеријата ќе биде зголемен и до 60 отсто, и се претпоставува дека во 4,7-инчниот (12 см) уред таа ќе биде со 1.800 mAh, а 5,5-инчната (13 см) верзија на уредот ќе биде опремена со батерија од 2.500 mAh.
