САД
Трамп: Гренланд ќе се припои кон САД
14.03.2025 08:24
Генералниот секретар на НАТО, Руте рече дека не сака да ја вовлече Алијансата во приказната, иако додаде дека Трамп е во право за безбедноста на Арктикот...

Шефот на Белата куќа изјави дека американската анексија на автономната Данска територија Гренланд ќе се случи и дека тоа ќе ја подобри меѓународната безбедност. Генералниот секретар на НАТО, Руте рече дека не сака да ја вовлече Алијансата во приказната, иако додаде дека Трамп е во право за безбедноста на Арктикот.
Десничарска опозиција победи на парламентарните избори во Гренланд, следени од националистите кои се за независност.
