Трагедија во Кочани
Тошковски: 51 загинат, над 100 повредени во пожарот во Кочани
16.03.2025 09:36
Во пожарот кој брзо се проширил животот го загубиле 51 лице, а над 100 се повредени и се префрлени на клиниките во Штип и Скопје.

Искри од пиротехнички средства го зафатиле таванот кој лесно бил запалив и најверојатно го предизвикале пожарот во дискотеката во Кочани. Во пожарот кој брзо се проширил животот го загубиле 51 лице, а над 100 се повредени и се префрлени на клиниките во Штип и Скопје.
Ова го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и потврди дека приведени се лицата кои се поврзани со организацијата на концертот во кочанската дискотека.
Нагласи дека сите институции се на терен, меѓу кои и обвинители од обвинителството за организиран криминал и се преземаат сите дејствија поврзани со овој трагичен настан.
