Разговор Мицкоски-Руте: Можно е активирање на НАТО системот за справување со несреќи
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, имал телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Марк Руте, на кој се разговарало за актуелната трагедија во Кочани, соопшти Владата...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, имал телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Марк Руте, на кој се разговарало за актуелната трагедија во Кочани, соопшти Владата.
Според информациите премиерот и генералниот секретар на НАТО разговарале за можно активирање на НАТО-системот за справување со несреќи.
Владата соопшти и дека на денешната вонредна седница, која ќе се оддржи во 16 часот, ќе донесе одлука за седумдневна жалост поради трагедијата во Кочани. Ќе се донесе и заклучок за итна и вонредна инспекција на сите ноќни клубови, дискотеки и ресторани.