МТСП

Активирани стручни тимови за кризна интервенција и психосоцијална поддршка за семејствата на настраданите во Кочани

16.03.2025 15:08

Како одговор на оваа трагедија, на располагање се ставени стручни тимови за кризна интервенција, психосоцијална помош и поддршка за семејствата на починатите и повредените...

Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Меѓуопштинските центри за социјална работа во Кочани и Штип, веднаш презема мерки за поддршка на семејствата погодени од трагедијата што се случи рано утрово во кочанската дискотека.

Како одговор на оваа трагедија, на располагање се ставени стручни тимови за кризна интервенција, психосоцијална помош и поддршка за семејствата на починатите и повредените. Овие тимови, составени од психолози, социјални работници и стручни лица, се подготвени да обезбедат непосредна и долгорочна поддршка за сите кои се соочуваат со болката и последиците од овој немил настан.