Трагедија во Кочани

Таравари со најнови информации за состојбата на повредените пациенти

17.03.2025 10:21

Повредените пациенти од болниците во Кочани и Штип сега се префрлени на скопските клиники и се третираат таму...

Министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција ги соопшти последните информации поврзани со хоспитализираните пациенти од трагичниот настан во Кочани.

Кажа дека повредените пациенти од болниците во Кочани и Штип сега се префрлени на скопските клиники и се третираат таму. Соопшти и дека потешко повредените ќе се испратат во странство- во Србија, Хрватска, Словенија, Австрија...

Нагласи дека денес во штипската болница се пријавиле уште двајца пациенти и замоли сите што биле дел од трагичниот настан да се пријават, и да немаат симптоми, барем да се пријават кај нивните матични лекари.