НАСА
Астронаутите заглавени на Меѓународната вселенска станица се враќаат назад
18.03.2025 10:29
Буч Вилмор и Суни Вилијамс тргнаа со капсула „Спејс икс“, заедно со уште двајца астронаути. Капсулата се очекува да слета на брегот на Флорида до вечер.

Двајцата астронаути на НАСА кои беа заглавени на Меѓународната вселенска станица се враќаат назад на Земјата за да ја завршат мисијата што започна со пробен лет на Боинг пред повеќе од девет месеци.
Буч Вилмор и Суни Вилијамс тргнаа со капсула „Спејс икс“, заедно со уште двајца астронаути. Капсулата се очекува да слета на брегот на Флорида до вечер.
Астронаутите требаше на Меѓународната вселенска станица да бидат само една недела, но, многуте проблеми ја принудија НАСА да го одложи нивното враќање до февруари.
