Трагедија во Кочани

Осум студенти од УГД загинаа во несреќата, повеќемина меѓу повредените

19.03.2025 13:49

Отворена е книга на жалост, студентите и професорите се простуваат од своите колеги...

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип минува низ мрачни и тажни денови. Осум студенти се жртви во трагичната несреќа во Кочани, а двоцифрен е бројот на студенти кои се борат за живот. Отворена е книга на жалост, студентите и професорите се простуваат од своите колеги.

Се одржа и литургија и молитва за жртвите и повредените во дворот на Ректоратот, каде се наоѓа и црквата Успение на Пресвета Богородица.

Од Штип известува Славица Величковска