Приведени поранешните градоначалници на Кочани- Илијев, Димитровски и Папазов
Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации од Јавното обвинителство се очекуваат во текот на утрешниот ден...

По наредба на Основното јавно обвинителство Кочани приведени се поранешните градоначалници на Кочани Николчо Илијев, Ратко Димитровски, како и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов.
Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации од Јавното обвинителство се очекуваат во текот на утрешниот ден.
Љупчо Папазов по трагичниот настан поднесе неотповиклива оставка од функцијата, беше на сослушување пред обвинител во ОЈО Кочани на 17 март, а Обвинителството по завршување на неговиот распит најави дека дополнително ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката.
Димитровски беше градоначалник на Кочани во период од 2009 до 2017 година, додека Илијев во период од 2017 до 2021 година.
