Муцунски: Благодарност до Унгарија за поддршката и грижата за македонските пациенти
Во Будимпешта ја посетив болницата каде што се згрижени шестмина наши сограѓани, рече министерот Муцунски.

Денеска во Будимпешта ја посетив болницата каде што се згрижени шестмина наши сограѓани. Добив информации за нивната здравствена состојба, се сретнав и со нивните семејства, а во мое име и во име на државата упатив искрена благодарност до медицинскиот тим за нивната професионална и посветена грижа, рече министерот Муцунски.
Справувањето со ваква несреќа е предизвик за секој здравствен систем, но унгарските лекари го даваат најдоброто од себе – со стручност и човечност. Поддршката се однесува не само на пациентите, туку и на нивните најблиски, кои преку нашите дипломатско-конзуларни претставништва добиваат целосна логистичка поддршка.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во координација со надлежните институции, работи на подготовките за нивно безбедно враќање, штом медицинските лица проценат дека се исполнети условите.
