Здравје

Придобивки од користење на лененото семе

25.03.2025 12:31

Препорачаните количини на ленено семе се 1 до 2 мали лажички на ден.

Лененото семе е зачинска билка претставува една од ретките што изобилува со масни киселини Омега 3 и Омега 6. Најчесто се користи како зачин, но поради присуството на лигнини се користи при проблеми со варењето на храната, со цревата и со белите дробови. Семето од лен, исто така, може да апсорбира течности и да набабри привлекувајќи ги во себе отровите и дејствува како ефикасен лаксатив.

Препорачаните количини на ленено семе се 1 до 2 мали лажички на ден.

Благодарение на комбинацијата од витамини, минерали и други состојки коишто имаат поволно влијание врз организмот, лененото семе се користи во многу рецепти на традиционалната медицина и се препорачува да се вклучи во исхраната кај пациентите болни од рак.

Во народната медицина се користи како лек против воспаление на слузокожата на устата, желудникот и цревата.

Лененото семе најчесто се користи за зајакнување на организмот, против срцеви болести, намалување на холестерол, болест на желудник итн.

Има одличен ефект за одржување на посакуваната телесна тежина. Препорачан е од многу нутриционисти, а корисен е и залуѓе кои пататод гастритис, чир на желудник, хроничен запек и хемороиди. Помага и за лечење на циститис и пиелонефритис. Исто така, лененото семе е познато како идеално решение за опстипација.