ГРУЗИЈА

Антивладини протести во Грузија, се бараат нови избори

01.04.2025 08:59

Илјадници луѓе излегоа на протест во Грузија против политиката на владата и повикаа на нови избори и ослободување на затворениците...

Илјадници луѓе излегоа на протест во Грузија против политиката на владата и повикаа на нови избори и ослободување на затворениците.

„Мислам дека фундаменталните слободи за кои моите родители се борат со децении се навистина загрозени. Со сите неодамнешни случувања, гледаме дека Грузискиот сон го имплементира токму истиот прирачник на Русија, Белорусија и сите други држави кои во моментов се под контрола на Русија и под нејзина сфера на влијание“, изјави демонстрант.

Протестите низ Грузија почнаа на 28 ноември лани кога премиерот Кобахиџе ја објави одлуката за запирање на процесот на интеграција во ЕУ.