Ник Кејв доаѓа на 22 август во Скопје
Веројатно најбараниот и најпосакуваниот артист во Македонија, музичарот, поетот, писателот, композиторот, генијалниот уметник Ник Кејв, во склоп на својата соло турнеја доаѓа во Скопје, придружуван од басистот на Рејдиохед, Колин Гринвуд...

Еден од најголемите и најзначајни артисти на денешницата доаѓа во Скопје на „Skopje calling 2025“, објави Авалон продукција.
Веројатно најбараниот и најпосакуваниот артист во Македонија, музичарот, поетот, писателот, композиторот, генијалниот уметник Ник Кејв, во склоп на својата соло турнеја доаѓа во Скопје, придружуван од басистот на Рејдиохед, Колин Гринвуд, на 22 август во срцето на Скопје – под ѕвезденото небо на зелениот стадион на АРМ.
Ник Кејв доаѓа со своите песни да ја испее и отсвири, и со тоа и да ја испише најинтимната и емотивно најискрената страница во сепак богатата книга на светската концертна историја на Македонија.
Како што вели магазинот „Beat“, концертите на Ник Кејв со Колин Гринвуд го надминуваат обичниот „entertainment“ и оставаат неизбришлива трага врз сите оние кои ја имаат можноста да бидат дел од нив.
Македонија ќе ја има ретката ексклузивна можност да го гледа Ник Кејв во живо во неговата најинтимна и најсуштинска форма на 22 август на стадионот на АРМ.
Влезниците ќе бидат во продажба од утре (среда, 2 април) со почеток од 10 часот наутро онлајн на avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk ширум Македонија.
Повеќе информации околу влезниците, нивните категории и цени ќе бидат објавени вечерва во 19 часот на нашите платформи, соопштуваат од Авалон продукција.