Политика
Средба Мицкоски-Филипче во Владата
03.04.2025 08:26
Да се воспостави нов општествен и политички дијалог – лидерот на СДСМ Филипче ќе оди на тет-а-тет средба со премиерот. Мицкоски подготвен да го слушне планот. Средбата доаѓа по упатените иницијативи и демонстрираната подготвеност од двете страни...

Премиерот Мицкоски и претседателот на Социјалдемократите Филипче, денеска во 14 часот ќе имаат средба во Владата. Средбата доаѓа по упатените иницијативи и демонстрираната подготвеност од двете страни.
Опозицискиот лидер бара да се воспостави нов општествен и политички дијалог за изградба на натпартиска стратегија за развој на државата.
Мицкоски сака да го слушне планот.
