Здравство

77 пациенти од повредените се лекуваат во странство

03.04.2025 09:04

Во странство остануваат 77 пациенти од повредените во дискотеката во Кочани. Речиси 20 пациенти се лекуваат во Скопје...

Во странство остануваат 77 пациенти од повредените во дискотеката во Кочани. Речиси 20 пациенти се лекуваат во Скопје. На Клиниката за токсикологија беше хоспитализиран пациент по враќање од полска, а по интервенциите е пуштен на домашно лекување.

На Клиниката за пластична хирургија остануваат двајца пациенти, а во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ 6 пациенти. Во Градската општа болница „8 Септември“ се хоспитализирани 5 пациенти, од кои еден е планирано да биде пуштен на домашно лекување, на Клиниката за пулмологија двајца пациенти, а во приватната болница Систина се хоспитализирани тројца пациенти.