Бугарија

Бугарските пратеници денеска гласаат за недоверба на кабинетот на Жељазков

03.04.2025 09:26

Предлогот е поднесен од партијата „Преродба“ за, како што тврдат, неуспехот на надворешната политика на владата...

Пратениците во бугарското Национално собрание, по жестока расправа денеска треба да гласаат за недоверба на кабинетот на Жељазков.

Предлогот е поднесен од партијата „Преродба“ за, како што тврдат, неуспехот на надворешната политика на владата. Барањето доби поддршка од пратеничките групи „Меч“ и „Величина“, но со оглед на тоа што имаат 54 пратеници во 240-члениот парламент, мала е веројатноста дека ќе успеат да ја срушат владата.