Руско - украински конфликт

Руте: Сојузниците на НАТО ја продолжуваат поддршката за Украина

03.04.2025 09:34

Продолжуваат нападите со беспилотни летала на украинскиот фронт и во пограничните области на Русија. Во истовреме во Брисел состанок на министрите за надворешни работи на НАТО. Во фокусот на разговорите – Украина и безбедноста на Европа...

Продолжуваат нападите со беспилотни летала на украинскиот фронт и во пограничните области на Русија.

Кремљ тврди – Путин е отворен за мировни преговори, Зеленски бара да се изврши дополнителен притисок врз Москва. За Вашингтон, прекинот на огнот е блиску, но и двете страни ќе мора да се откажат од одредени барања.

Во истовреме во Брисел состанок на министрите за надворешни работи на НАТО. Во фокусот на разговорите – Украина и безбедноста на Европа.

Генералниот секретар на Алијансата вети поддршка за Киев, нагласувајќи ја посветеноста на НАТО кон глобалната стабилност.

„Сојузниците на НАТО ја продолжуваат поддршката за Украина. Во првите три месеци од оваа година, сојузниците веќе ветија повеќе од 20 милијарди евра безбедносна помош за 2025 година. Нашиот фокус сега треба да биде да се осигураме дека можеме да ја завршиме оваа војна на начин што Путин никогаш повеќе нема да се обиде да заземе една квадратна милја или километар од Украина или дел од територијата на НАТО, и дека мировниот договор ќе биде последен договор во Украина“, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.