Сиљановска-Давкова на средба со Радев во рамките на „Акаба Процес Балкан“
Предвидена е и билатерална средба на Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Радев. Се очекува да продолжат разговорите за унапредување на македонско-бугарските односи...

Софија е домаќин на иницијативата „Акаба Процес Балкан“. На состанокот учествуваат делегации од 30 земји од Балканот, Блискиот Исток и Европа, меѓу кои и претседателката Сиљановска-Давкова. Ќе дискутираат за регионалната безбедност и координацијата во борбата против тероризмот и радикализацијата.
Предвидена е и билатерална средба на Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Радев. Се очекува да продолжат разговорите за унапредување на македонско-бугарските односи. Исто така, ќе се одржи и директна средба со кралот Абдула Втори од Јордан, иницијаторот на „Акаба Процесот“.
Самитот е од затворен тип, а повеќе информации од Кабинетот на претседателката најавуваат по завршувањето на средбите.
Анита Димитријевска-Велковска известува од Софија
