мвр

Тошковски на дипломатскиот брифинг „Пријателите на МАРРИ“

04.04.2025 13:52

Министерот Тошковски истакна дека Македонија останува посветен партнер, домаќин и промотор на Иницијативата и во иднина ќе ја дава својата максимална поддршка во процесите на донесување одлуки во како во рамки на МАРРИ, така и во останатите регионални иницијативи...

„Свесни сме дека миграцијата е комплексен, повеќедимензионален и брзо-менувачки феномен. Традиционалниот начин на управување со миграцијата е затворен и реактивен на настаните, а сите ние сме соочени со предизвиците да ги анализираме, утврдиме и усогласиме краткорочните потреби со долгорочните можности. Дипломатскиот брифинг на кој учествуваме денес е традиција и обележје на Регионалниот центар со кој се овозможува негова промоција пред дипломатскиот кор во Македонија, меѓународните организации и граѓанското општество. Она што денес Иницијативата со голема релевантност го прави и за што навистина е целисходно нејзиното постоење – е идентификување на регионални приоритети во областа на миграцијата што е од особена важност и од перспектива на нашата интеграција во Европската унија“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски истакна дека Македонија останува посветен партнер, домаќин и промотор на Иницијативата и во иднина ќе ја дава својата максимална поддршка во процесите на донесување одлуки во како во рамки на МАРРИ, така и во останатите регионални иницијативи.