Народна банка: Зелените кредити пораснаа 8,5% годишно до 2024 година
„Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, зелените кредити се зголемени за четири пати“, извести Народната банка...

Растот на зелените кредити кои ги пласираат банките е евидентен во последниот квартал од 2024 година. Податоците покажуваат дека на крајот на декември 2024 година, експанзијата на зелените кредити во споредба со истиот период претходната година достигнува 2,3 милијарди денари, односно 8,5%.
„Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, зелените кредити се зголемени за четири пати“, извести Народната банка.
Зелените кредити се средства наменети за проекти кои промовираат одржливи, еколошки цели или цели кои придонесуваат кон еколошката транзиција во општеството, како што се инвестициите во нови, еколошки технологии.
Според информациите од Народната банка, на крајот од четвртото тромесечие на 2024 година, вредноста на зелените кредити во билансите на банките изнесува 29,177 милиони денари. За споредба, кон крајот на 2019 година, тие изнесувале 7,176 милиони денари. Зелените кредити одобрени на компаниите, кои на крајот на 2024 година изнесуваат 28,032 милиони денари, доминираат во целокупното зелено кредитно портфолио на банките.
Учеството на зелените кредити во вкупните кредити на крајот на 2024 година изнесува 6%, што е речиси тројно зголемување во однос на крајот на 2019 година, кога изнесувале 2,2%.
