Кисела Вода обезбедува финансиска помош за набавка на огревно дрво
Сите граѓани кои ќе купат дрва за огрев во периодот од 1 април 2025 до 31 октомври 2025 година, можат да аплицираат за добивање на поврат на средства, до исцрпување на предвидениот буџет од 1.200.000 денари.

Општина Кисела Вода денес распиша јавен повик за субвенционирање на трошоците за огревно дрво за своите жители. Сите граѓани кои ќе купат дрва за огрев во периодот од 1 април 2025 до 31 октомври 2025 година, можат да аплицираат за добивање на поврат на средства, до исцрпување на предвидениот буџет од 1.200.000 денари.
Субвенцијата изнесува 500 денари за секој купен метар кубен (m³) дрва, за максимум до 10 м³ или 350 денари за секој купен просторен метар дрва, за максимум до 14 просторни метри.
Право на учество имаат сите жители на Општина Кисела Вода кои ќе достават валидна документација и ќе ги исполнат критериумите. Апликациите се поднесуваат во затворен плик преку Архивата на општината, по принципот „прв дојден – прв услужен“.
Јавниот повик трае до 31 октомври 2025 година или до исцрпување на средствата. Повикот е објавен на веб страната на општината.
