Метео
Пад на температурите, затоплување се очекува за викендот
07.04.2025 13:35
Наглото опаѓање на температурите и снежните врнежи ќе донесат негативни последици кај земјоделските култури, пред сè кај овошните насади...

Од краток ракав, одново во зимски јакни. Од вчера пад на температурите и снежни врнежи во повеќе делови од земјава. Во Дневникот разговор со Наташа Алексоска од Метео на МТВ.
Наглото опаѓање на температурите и снежните врнежи ќе донесат негативни последици кај земјоделските култури, пред сè кај овошните насади. Пријава на уништени овошки во делови од земјава, кај некои видови овошки и до 100 отсто.
Доколку минусните температури траат повеќе денови, земјоделците ќе се соочат со огромни штети и кај сите растенија. Од Битола известува Ружица Аџикотарева- Ѓоршевска.
