Македонија
Уште една жртва од пожарот во Кочани
07.04.2025 14:20
Тој е 61-вата жртва која им подлегна на повредите здобиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16-ти март.

Почина уште еден пациент кој бил на лекување во Литванија. Тој е 61-вата жртва која им подлегна на повредите здобиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16-ти март.
Во петокот, на тешките повреди здобиени во пожарот во кочанската дискотека им подлегна и Александар Карадакоски, управител на фирмата „ММММ кафе доел Кочани“ која управувала со дискотеката, каде работел. Тој исто така се лекуваше во Литванија и беше најкритичен пациент.
Повеќе детали наскоро се очекува да соопшти министерот за здравство Арбен Таравари.
