Големите температурни разлики го зголемија бројот на пациенти инфицирани од стомачен вирус
Стомачниот вирус ги наполни амбулантите. Големата разлика во температурите предизвикува дисбиоза, односно намален имунитет на дигестивниот тракт...

Стомачниот вирус ги наполни амбулантите. Големите температурни разлики го зголемија бројот на пациенти инфицирани од овој вирус, во последниве дваесетина денови, велат матичните доктори. Големата разлика во температурите предизвикува дисбиоза, односно намален имунитет на дигестивниот тракт, објаснува за Македонската телевизија матичната докторка Даниела Станоева-Ѓоргиевска.
Освен течности, важно е да се внесува и калиум, пред сè преку електролити, како и пробиотици. Исхраната пак, треба да се состои главно од супа, ориз или компир.
Освен на стомачен вирус, граѓаните периодов се жалат и на респираторни вируси, вели доктор Ѓоргиевска, додавајќи дека сепак не станува збор за сериозни дијагнози и дека истите најчесто поминуваат сами од себе.
Марија Котовска
