Судство

Две години затвор за Пајазити кој ја прегази Теодора Ристевска на пешачки во Тетово

07.04.2025 14:47

Тетовскиот суд го осуди на две години казна затвор Менсур Пајазити, кој во септември во 2022 година, ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска...

Тетовскиот суд го осуди на две години казна затвор Менсур Пајазити, кој во септември во 2022 година, ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска.

Се појави на денешното рочиште, а откако му беше прочитано обвинението, ја призна вината. Тетовскиот суд во ноември во 2023 година, пресуди три и пол години затвор за 44-годишниот Пајазити. Тој ја обжали казната, Вишото јавно обвинителство во Гостивар ја прифати жалбата, а Апелациониот суд во Гостивар ја намали на две години затвор. Но, тој не заврши во затвор, туку Врховниот суд го уважи неговото барање за вонредно преиспитување на пресудата и ги укинува двете пресуди на пониските судови и го врати предметот на повторно судење.

Пајазити е обвинет за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од ставот 4, за кој е предвидена затвор од една до пет години.