МВР

Расчистено убиството во кривопаланечко Луке, поднесена е кривична пријава и определен притвор на две лица

07.04.2025 21:31

Кривична пријава по брза постапка против С.Ф.(19) и З.Ф.(24), двајцата од с. Луке, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

СВР Куманово поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ф.(19) и З.Ф.(24), двајцата од с. Луке, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

На 24.03.2025 во с. Луке, кривопаланечко, пријавените се договориле да извршат кражба на нивниот сосед Љ.С. и го намамиле да излезе во дворот, при што првопријавениот го нападнал со остар предмет.

Од здобиените повреди, тој починал на местото, по што му одзеле пари и телото го запалиле, додека остатоците ги закопале. Од судија на претходна постапка на пријавените им е определена мерка притвор.