Влада

Прва седница на новиот состав на Меѓуресорското тело за координација на борбата против корупцијата

08.04.2025 08:32

Во Владата денеска ќе се одржи првата седница на новиот состав на Меѓуресорското тело за координација на борбата против корупцијата...

Во свечената сала на Владата денеска ќе се одржи првата седница на новиот состав на Меѓуресорското тело за координација на борбата против корупцијата.

На настанот поздравни обраќања ќе имаат премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, кој воедно раководи со Меѓуресорското тело.

Како што соопшти владината прес-служба, обраќања ќе имаат и амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, заменик-амбасадорот на САД, Никол Варнс и шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал.