Европа

Постигнат договор за нова влада во Германија

09.04.2025 18:21

Демохристијанскиот и христијанско социјалниот блок постигнаа коалициски договор со социјалдемократите. По ова ќе следува избор на Фридрих Мерц за нов канцелар во Бундестагот...

Шест недели по предвремените избори, Германија има нова влада. Демохристијанскиот и христијанско социјалниот блок постигнаа коалициски договор со социјалдемократите. По ова ќе следува избор на Фридрих Мерц за нов канцелар во Бундестагот.

„Ова е сигнал за новиот почеток во нашата држава. Идната владина коалиција ќе ја реформира Германија во стабилна, побезбедна и економски посилна држава. И Европа ќе може да се потпре врз Германија“, изјави Фридрих Мерц-лидер на демохристијанската партија.