Свет

Трамп објави 90-дневна пауза на царините за над 75 земји

10.04.2025 08:10

Американскиот претседател Трамп објави 90-дневна пауза на царините за над 75 земји, наградувајќи ги затоа што не возвратиле со контрамерки, но ја зголеми давачката за кинескиот увоз на 125 насто...

Американскиот претседател Трамп објави 90-дневна пауза на царините за над 75 земји, наградувајќи ги затоа што не возвратиле со контрамерки, но ја зголеми давачката за кинескиот увоз на 125 насто, откако Пекинг му зададе удар на Вашингтон со 84 насто царини за увозот од САД.

„Не сакаме да им наштетиме на земјите кои не заслужуваат. Сите сакаат да преговараат. И сакаме да го сториме тоа како што треба. Решавањето на овие царински трговски прашања би било добра работа. Во однос на Кина не сум загрижен дека ситуацијата ќе ескалира, претседателот Кси е паметен човек и мислам дека на крајот ќе направиме добар договор за двајцата“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Европската унија одобри царини за околу 21 милијарда евра на американски стоки како одговор на царините од 25 отсто на Трамп за извозот на челик и алуминиум од ЕУ. Мнозинството од 27-те земји членки на ЕУ гласаа за дополнителни давачки од 25 отсто, од кои дел ќе стапат во сила на 15 април.