Киев цел на руски напади
Украина соопшти дека Русија почнала нова офанзива на североистокот на земјата, забележани се двојно повеќе напади во сите правци на фронтот.

Киев повторно цел на руски дронови. Москва обвинува за украински удари врз енергетски капацитети, одбиен напад врз компресорска станица во Кубан. Украина соопшти дека Русија почнала нова офанзива на североистокот на земјата, забележани се двојно повеќе напади во сите правци на фронтот. Зеленски тврди-над 150 кинески војници се борат на страната на Русија. Кина е клучен поттикнувач на руската војна-вели европската шефица на дипломатијата. Пекинг ги негира изјавите од Киев.
„Заробените кинески државјани се во Киев. Имаме информации и за други кинески државјани во руската армија – со имиња, презимиња и опис и како влегле во рускиот окупациски контингент“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
„Јасно е дека Кина е клучниот поттикнувач на руската војна. Без нивна поддршка, Русија не би можела да ја води војната во износ како што тие го водат ова. Гледаме дека 80% од стоките со двојна употреба всушност влегуваат во Русија преку Кина. Јасно е дека ако Кина сака навистина да ја прекине поддршката, тогаш тоа ќе има влијание“, рече Каја Калас, министер за надворешна политика на ЕУ.
Во истовреме, Украина ги продолжува преговорите за ретките минерали со САД. Зеленски навести дека следната недела очекува и нова рунда преговори со Вашингтон за прекин на огнот.
