Над 150 луѓе спасени, расте бројот на загинати по уривањето на кровот во ноќниот клуб во Доминиканска Република
На екипите ќе им бидат потребни дополнителни 24 до 36 часа да ја завршат потрагата додека теренот се расчистува со тешка механизација.

Расте бројот на загинати по уривањето на кровот во ноќниот клуб во главниот град на Доминиканската Република. Над 150 луѓе се спасени од под урнатините. На екипите ќе им бидат потребни дополнителни 24 до 36 часа да ја завршат потрагата додека теренот се расчистува со тешка механизација.
„Бројот на загинатите се зголеми на 124. Бројот на спасени останува ист-155. Ќе продолжиме со потрагата, со спасувањето и неопходното извлекување на оние кои за жал, сè уште се под урнатините“, изјави Хуан Мануел Мендез, директор на Центарот за итни операции.
Несреќата се случила за време на концерт на популарниот доминикански пејач Руби Перез кој го загуби животот, а меѓу жртвите се и голем број политичари, поранешни спортисти и познати личности.
