На комисиска расправа измените и дополнувањата на Законот за управување со конфискуван имот
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на чиј дневен ред е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, во второ читање...

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на чиј дневен ред е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, во второ читање.
Целта на овие измени на Законот и тоа во делот каде се утврдени условите за избор/именување на директор, заменик-директор и на други јавни функции, да се создаде можност за избор на стручни кадри во сферата, се посочува во образложението објавено на собраниската веб-страна.
Исто така, Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање денеска ќе оствари надзорна посета во просториите на Агенцијата за разузнавање.
