Мицкоски телефонски разговарал со американскиот државен секретар за економија Хауард Лутник
Било нагласено дека стратешкото партнерство со САД е врвен приоритет за Владата, како и важноста на американската поддршка за стабилен и просперитетен Балкан, а посебно за прашањата кои се од витално значење за економската соработка.

Премиерот Христијан Мицкоски на „Фејсбук“ соопшти дека вчера телефонски разговарал со американскиот државен секретар за економија Хауард Лутник за македонско-американското стратешко и економско партнерство.
Било нагласено дека стратешкото партнерство со САД е врвен приоритет за Владата, како и важноста на американската поддршка за стабилен и просперитетен Балкан, а посебно за прашањата кои се од витално значење за економската соработка.
„Во духот на блиското македонско-американско партнерство, потврдивме дека нашите односи се цврсти, пријателски и исполнети со заемна доверба, при што истакнав и дека стратешкото партнерство со САД е врвен приоритет за Владата. Ја нагласив важноста на американската поддршка за стабилен и просперитетен Балкан, а посебно за прашањата кои се од витално значење за економската соработка“, објави Мицкоски, додавајќи дека се согласиле да продолжат да го развиват стратешкото и економско партнерство помеѓу двете земји.
Американскиот претседател Трамп објави 90-дневна пауза на царините за над 75 земји, наградувајќи ги затоа што не возвратиле со контрамерки, но ја зголеми давачката за кинескиот увоз на 125 насто, откако Пекинг му зададе удар на Вашингтон со 84 насто царини за увозот од САД.
