Македонија

Нов протокол за зајакнување на соработката помеѓу МВР и Јавното обвинителство

10.04.2025 16:21

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Јавниот обвинител на Македонија, Љупчо Коцевски потпишаа нов Протокол за соработка помеѓу МВР и Јавното обвинителство, со што уште еднаш ја потврдија посветеноста за засилување на интер-институционалната координација за успешно откривање и докажување на кривичните дела и нивните сторители и ефикасно спроведување на кривичната постапка...

Преку засилена соработка до успешно процесирање на кривичните дела. Ова го предвидува новиот протокол за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство. Ќе се засилува интер-институционалната координација, за успешно откривање и докажување на кривичните дела и нивните сторители, како и ефикасно спроведување на кривичната постапка. Овој протокол не е само политичка декларација, туку оперативен план заснован врз нашите закони за кривична постапка и е знак на волја за заедничка акција, порака од потпишувањето на протоколот од страна на првите луѓе на министерството и обвинителството, Панче Тошковски и Љупчо Коцевски.

Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство влегуваат во нова фаза на соработка, во чии рамки ќе се реализираат придобивките од протоколот, изјави шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал.

Со протоколот меѓу другото, утврдени се и јасни насоки и правила за постапување на полициските службеници и јавните обвинители во активностите што се преземаат за откривање и гонење на сторителите на кривичните дела, а ќе се подобри и функционирањето и ефикасноста на кривичниот прогон.

Марија Котовска