образование

Нова стратегија за образование на возрасните

10.04.2025 16:06

Со нови вештини полесно на пазарот за труд. Промовирана новата стратегија за образование за возрасни. Се усогласува со европската агенда за вештини.

Новата стратегија за образование на возрасните 2025-2030 се усогласува со европската агенда за вештини. Новините предвидуваат подобрување на квалитетот и ефикасноста на учењето за возрасни кои имаат ниски квалификации и се невработени. На промоцијата на новиот документ, министерката Јаневска посочи дека приоритет се програмите за доквалификација и преквалификација за стекнување на вештини кои се најбарани.

Новина во стратегијата е верификација на посебни програми за неформалното образование на возрасни и акредитација на даватели на услуги кои ги спроведуваат програмите. За доедукација може да аплицираат сите заинтересирани, пријавите треба да ги достават до Центарот за образование на возрасни.

Новата стратегија е дел од најавените реформи, а со брзите промени на пазарот на трудот, образованието за возрасни стана еден од клучните фактори во подготовката на земјава за интеграција во Европската унија, стои во документот.

 

Викторија Милевска