Министерот Муртезани на прес-конференција со унгарскиот министер Бока
Јанош Бока, кој од вчера е во посета на Македонија, денеска ќе одржи заедничка прес-конференција со неговиот македонски колега Орхан Муртезани...

Унгарскиот министер за ЕУ прашања Јанош Бока, кој од вчера е во посета на Македонија, денеска ќе одржи заедничка прес-конференција со неговиот македонски колега Орхан Муртезани. Прес-конференцијата е закажана во 10:15 часот.
Унгарскиот министер вчера во изјава за медиумите рече дека процесот на пристапување во Европската Унија треба да биде објективен и да се заснова на Мерит критериуми.
„Република Македонија е земја-кандидат од 2005 година и верувам дека вистинското место на земјата веќе требаше да биде ЕУ. Се надевам дека постоечкиот билатерален спор со Бугарија ќе биде надминат што е можно поскоро, а Унгарија им стои на располагање на двете страни за да помогне во тоа“, рече Бока.
