Временска прогноза
Променливо облачно, претпладне со слаб локален дожд
12.04.2025 08:31
Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 70 km/h)...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 70 km/h).
Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 8 степени, а максимумот од 12 до 21 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
