Матичните лекари задоволни од покачувањето
Матичните лекари од Куманово задоволни од покачувањето на капитационен бод, кој следи по десетина години. Велат сумата иако е минимално зголемена, е значајна во време на раст на минималната плата но и останатите трошоци. Информираат тече и верификацијата на мобилните телефони. Но, постапката е спора...

Матичните лекари од Куманово ја поздравуваат одлуката на надлежните за зголемување на капитациониот бод од 75 на 100 денари. Велат по десетина години ќе се зголеми нивниот буџет, ќе се задржат младите лекари. Ова е неопходно во време кога цените се енормно повисоки. Плати велат ќе има и за средномедицинскиот персонал и останатите трошоци. Се надеваат дека во иднина буџетот на фондот ќе дозволи и ново покачување.
„Полно ординации се затвораат поради финансиски проблеми, покачена е минималната плата а таа чини, ние директно немаме партиципација, а трошоци материјални имаме многу. Ако трошоците пред неколку години беа 12.000, сега се над 25.000 денари“, истакна д-р Фатмир Асани, претседател на Здружение на матични лекари Куманово.
Проблем велат сè уште останува верификацијата на мобилните телефони на пациентите. Овој проект укажуваат оди споро, и се губи повеќе време, а дел од граѓаните и не носат со себе телефони.
За два до три месеци матичните лекари се надеваат дека ќе успеат да верификуваат поголем број на мобилни телефони, односно до 50 отсто.
За сега не знаат како ќе тече проектот, откако измената на системот Мој термин беше одложена за еден месец. Целта е со верификација на телефоните да се намали бројот на пропуштени термини.
Елена Георгиевска
